За растот во третиот квартал и оптимизмот!
Објавено на од во Коментари и анализи

Zikov-kolumnaВажен е фактот дека македонската економија покажа дека и без капитални инвестиции од државата има свој внатрешен капацитет за раст! 3,2% е голем раст. Раст во приватниот сектор! Тоа е вистинска и најважна вест во анализата на економијата за овој квартал. Многу е важно ваквиот раст да продолжи и во повеќе наредни квартали. Нека остане овде запишано дека вака сетирана економската политика на оваа Влада, со се сите мерки за зголемување на инвестициите домашни и странски, како и мерките за зголемување на извозот изработени во посебни пакети и насочени кон сите компании во економијата, може да донесе, и се очекува да генерира стапки на раст 5% и над тоа. “Економска агресија на теренот, несташност, немир, нема пимплање, има брзи и јасни потези и проекти”. Кој сака да биде искрен, треба да се согласи денес го имаме токму тоа на теренот.

А уште кога ќе тргнат и капиталните инвестиции!?

Во вториот квартал на 2018 година македонската економија за прв пат по подолго време бележи добар раст од 3,2%. Здрав раст на БДП (бруто домашниот производ). За секој, што малку повеќе се занимава со анализа и коментирање на состојбите во економијата, и кој, секако има став околу повеќе годишната економска стагнација предизвикана поради тешките политички случувања во земјата, овој сегашен резултат на растот на БДП е реален и голем резултат. Овој раст, без капиталните инвестиции во економијата, кои откако е оваа Влада на власт “одмараат поради чешлање”, е всушност квалитетно “изградена позиција за понатамошен и поголем раст на економијата”. Затоа што следно е старт на капиталните инвестиции, но со нов сетап.

Оттука, растот во вториот квартал заслужува посебен осврт. Зошто?

Да го анализираме растот на економијата кој се појавува годинава и зошто е тој здрав …Кои се причините за растот кои се појавија во вториот квартал?

Прво, зголемена динамика и “добра работа” во најголемите македонски компании или странски компании кои работат во Македонија. Извозот е драматично зголемен. Странските инвестиции годинава најголеми 380 милиони евра!

Од друга страна, само за пример, првите дваесет котирани компании на Македонската берза мината година и годинава прокнижија обемно зголемување на продажбите и драматичен пораст на приходите! Тука нема лага, се гледа тоа …

Речиси сите сектори растат освен градежништвото и металската индустрија (кои се на подиректен начин поврзани со капиталните инвестиции) …

На пример, градежништвото падна поради свесното стопирање на капиталните инвестиции од страна на оваа Влада.

Зошто беа стопирани капиталните инвестиции?

Одговорот е за да бидат анализирани договорите за кредитирање, проектите (за кои се виде дека се недоработени), особено на автопатот Кичево/Охрид, па и на други делници … Таму видовме дека има и конкретен криминал. Сето ова, и уште многу фалинки, ги закочија годинава капиталните инвестиции!

Она што е важно да се каже во овој дел е фактот дека капиталните инвестиции онака како што ги беше замислил Никола Груевски во суштина беа “прегреани”, префорсирани во многу погрешна насока на обезбедување готов и брз кеш за компаниите и некои полови на моќ во државата, без некој конкретен бенефит за поширокото општество. Впрочем гледаме денес низ бројките од тоа време и телефонските разговори наречени бомби, се разбира. Оттука, тие капитални инвестиции излезени од кујната на Груевски генерираа површен и празен раст на економијата оти во најголем дел (над 70%) беа во непродуктивни инвестиции за кои многу е пишувано, да не се навраќаме повторно.

Она што сега е евидентно е дека оваа Влада свесно ја олади таа “забревтана деструктивна машина за производство на капитални инвестиции и готов кеш”, и ја поставува на здрави основи. Ова, ако се има во предвид најавените од кабинетот на премиерот и вицепремиерот , здрави капитални инвестиции од околу една милијарда евра (автопатиштата, регионалните патишта, пругата кон Бугарија, гасоводот) води кон заклучокот дека економијата силно ќе расте и во наредните квартали, веројатно и со посилни стапки. Допрва се очекуваат силни проекти за најголемите македонски градежни компании како Бетон, Гранит, Пелагонија од Гостивар и други изведувачи и подизведувачи … Значи градежната индустрија, која денес е во застој, допрва ќе расте!

Но, она што е важно е фактот дека македонската економија покажа дека и без капитални инвестиции има свој внатрешен капацитет за раст! 3,2% е голем раст. Раст без капитални инвестиции! Тоа е вистинска и најважна вест во анализата на економијата за овој квартал.

Сега е многу важно ваквиот раст да продолжи и во повеќе наредни квартали. Нека остане овде запишано дека вака сетирана економската политика на оваа Влада, со се сите мерки за зголемување на инвестициите домашни и странски, како и мерките за зголемување на извозот изработени во посебни пакети и насочени кон сите компании во економијата, може да донесе, и се очекува да генерира стапки на раст 5% и над тоа.

Јас сум сигурен во тоа. Ова одамна го нарекувам агресивна економска политика свртена исклучиво кон инвестиции од секаков вид и извоз. И лично сум се залагал, во конкретна политичка програма, за “економска агресија, несташност, немир без пимплање, и брзи и јасни потези и проекти”. Кој сака да биде искрен, денес го имаме токму тоа на теренот.

Второ, евидентно е силна динамиката и во секторот на мали и средни претпријатија! Тие се всушност целата македонска економија! Најголемиот дел од инвестициите се таму, таму се среќаваат најголемите број извозни компании (хероите на економијата), и вработуваат најголем број од вработените, гледајќи го само приватниот сектор. Сведок сум деновиве на повеќе инвестиции во внатрешноста на Македонија во делот на прехранбената преработувачка индустрија и на нивниот силен излез на балканскиот пазар во последните две години …

Од друга страна, за прв пат, по подолго време се гледа транспарентна владина рамка на политики за поттикнување на инвестициите и извозот на малите и средните компании.

Трето, расте оптимизмот во општеството и со тоа во економијата.

Растот на економијата има директна врска со нивото на оптимизам и кај компаниите за инвестиции и кај потрошувачите (компаниите и граѓаните). Индикаторите се евидентни.

Зголемениот оптимизам несомнено се поврзува и со деблокирањето на долгогодишната затворена врата за Македонија во евроатланските интеграции. Оваа година е дефинитивно година на решенија (македонско грчкиот спор има разврска, како и релаксирањето на односите со Бугарија кои на директен начин ослободија позитивна енергија во односите на Македонија со ЕУ, САД …) Самиот факт дека сме пред портите на НАТО, донесоа во Македонија многу “квалитетни странци”. Имиџот се подобрува, за Македонија се зборува. Директен аргумент е што годинава имаме рекордно ниво на странски инвестиции од независноста до денес 380 милиони евра), што во голем дел е резултат на донесени одлуки од страна на инвеститорите поради зајакната стабилност и политичкиот пресврт во земјата.

Како што гледаме почнаа и конкретни фондови да доаѓаат. Само последната недела, додека го пишувам овој текст, во Македонија влегоа 25 милиони долари од САД наменети за развој, како и 100 милиони евра од страна ЕИБ (европската инвестициона банка) наменети за мали средни претпријатија.

Правецот засега е добар, дава надеж, само да не ја утнеме некаде по патот …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×