За седум години бројот на вработени во јавниот сектор се зголемил за 17,2%, продуктивноста опаднала за 13%
Објавено на од во Економија
Во период од седум години бројот на вработени во јавниот сектор се зголемил за 17,2 отсто, речиси исто толку пораснала вкупната вработеност во економијата за истиот период, односно 17,6 отсто, покажуваат податоците на Интитутот за економски анализи „Фајненс тинк“.
aanaliza-administracijaАнализата на „Фајненс тинк“ покажува поразителен резултат. И покрај зголемувањето на јавниот сектор, продуктивноста значително опаѓа. Продуктивноста бележи пад од 13 отсто меѓу 2011 и 2018 година.
„Јавната администрација не се зголемуваше повеќе од растот на вкупната економија, но вредноста што ја создаваше беше се помала и помала. Резултатот не е администрација која е преобемна, туку администрација која произведува резултати/вредност кои не се доволно квалитетни. Причините може да бидат повеќекратни, но клучната причина останува вработувањето и напредувањето без почитување на принципот на квалификации, компетенции и заслуги“, велат од „Фајненс тинк“.
Институтот предлага неколку мерки за подобрување на состојбата како воведување на сеопфатен систем на евалуација, воведување повеќе скалила во службата, отежнување на унапредувањето, олеснување на деградацијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×