За седум месеци влегле 152 милиони евра странски инвестиции
Објавено на од во Инвестиции

Салдото на странски инвестиции од јануари до јули годинава е идентично како и лани во истиот период. Меѓутоа, годинава Владата задолжи пет министри да привлекуваат странски инвеститори во земјава. Освен Веле Самак, Бил Павлески и Џери Наумоф, по изборите власта именуваше уште двајца министри да трагаат по странски инвестиции, а тоа се Горан Мицковски и Висар Фида.

Во првите седум месеци од годинава Македонија привлекла 152 милиони евра странски инвестиции, покажуваат последните податоци што ги објави Народната банка. Од нив, само 10,1 милиони евра се сопственички капитал или реинвестирана добивка, додека останатите 141,9 милиони евра се повлечени преку должнички инструменти.

По земји, најголем дел од странските инвестиции годинава, односно 118 милиони евра доаѓаат од Швајцарија. Втора на листата од каде што се регистрирани најмногу странски инвестиции е Турција со 24,2 милиони евра, а трета е Украина од каде дошле 20 милиони евра. По сектори, 35 милиони евра се инвестирани во производство, 31 милиони евра во рударството, 22 милиони евра во градежништвото и 19 милиони евра во услужниот сектор.

Салдото на странски инвестиции од јануари до јули годинава е идентично како и лани во истиот период.
Меѓутоа, годинава Владата задолжи пет министри да привлекуваат странски инвеститори во земјава. Освен Веле Самак, Бил Павлески и Џери Наумоф, по изборите власта именуваше уште двајца министри да трагаат по странски инвестиции, а тоа се Горан Мицковски и Висар Фида. Според проценките на Виенскиот економски институт, нивниот резултат од работењето годинава ќе биде прилив на странски капитал од 200 милиони евра. Проценките на Владата и на Народната банка за приливот на странски инвестиции годинава се далеку пооптимистички. Народната банка објави дека очекува инвеститорите во 2014 година да вложат 330 милиони евра.

Премиерот Никола Груевски веќе најави дека шест компании од Германија, Америка и Турција донеле одлука да инвестираат во Македонија и според него, тие ќе отворат најмалку 3200 нови работни места. Претходно уште 25 компании одлучиле да отворат фабрики во земјава, а постојаниот раст на бројот на странски инвестиции во земјава, според премиерот е резултат на тоа што имаме најниски даноци, а државата на инвеститорите им дава големи олеснувања во водењето бизнис.

Виенскиот економски институт проценува дека сите други земји во регионот ќе привлечат повеќе странски капитал отколку Македонија. Прогнозите се дека странските инвеститори годинава ќе вложат по 300 милиони евра во Босна и Херцеговина и Црна Гора, 500 милиони евра во Косово, 600 милиони евра во Србија, 800 милиони евра во Албанија и дури 10 милијарди евра во Турција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×