За што го користат интернетот македонските граѓани: шампиони  се во Европа  за социјални мрежи и телефонирање, последни за праќање мејлови и онлајн банкарство
Објавено на од во Економија

Македонските граѓани интернетот најмногу сакаат да го користат за социјални мрежи и телефонирање и по тоа се на врвот меѓу европските земји. Далеку под европскиот просек се во користење на интернетот за барање на информации за производи и услуги, управување со сметка за онлајн плаќања, интернет банкарство, барање и аплицирање за работа, користење професионални мрежи, продавање производи и услуги онлајн, сместувачки услуги и праќање или примање е – маил.

 Internet

 

 

 

 

 

Македонските граѓани се над европскиот просек во користење на интернетот за социјални медиуми, телефонирање и видео повици, покажуваат податоците на Еуростат и Државниот завод за статистика што ги престави   Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија (АЕТМ) во својата анализа за состојбата со е-трговијата во земјава.

Според анализата, Македонија со 84% е четврта земја во Европа после Исланд (91%), Малта (87%), Норвешка (85%) и Унгарија (84%) во користење на интернетот за социјални мрежи, креирање на кориснички профил, постирање пораки и други активности на Фејсбук, Твитер, Инстаграм, итн. Корисниците во земјава со 77%, како процент од оние што користеле интернет во последните три месеци од 2017 година, го употребиле  за телефонирање и видео повици, веднаш после Бугарија (85%) и Црна Гора (82%). Финска со 37%, Шпанија (35%)  и Франција (33%) најслабо го користат интернетот за оваа намена.

Македонските граѓани се блиску до европскиот просек (40%) во користење на интернетот за споделување на самокреирана содржина на веб страна (38%), како и во употребата на интернет за барање информации за здравје (59%), додека европскиот просек е 61%.

Според анализата на АЕТМ, 68% од Македонците читале онлајн сајтови за вести, весници, магазини и сл., што е под европскиот просек од 72%. Македонските граѓани сакаат да играат онлајн, па 38% го користеле интернетот за играње и симнување игри, што е над европскиот просек од 34%. Во оваа категорија предничат Данците, со 47%, а на последно место е Словенија, со 24%.

Македонските корисници на интернет се далеку под европскиот просек во користење на интернетот за барање на информации за производи и услуги, управување со сметка за онлајн плаќања, интернет банкарство, барање и аплицирање за работа, користење професионални мрежи, продавање производи и услуги онлајн, сместувачки услуги и праќање или примање е- маил.

Само 13% од граѓаните на Македонија интернетот го користат за сместувачки услуги, со што земјава е на последно место во Европа, покажуваат податоците на Еуростат.  Луксембург е земјата каде што корисниците на интернет најмногу букираат сместување преку интернет, 73% од нив, пред Швајцарците (66%), Финците (65%), Германците (64%), итн. Од земјите од регионов, најдобра во тој поглед е Словенија, каде што речиси половина, односно 49% од корисниците го користат интернетот за сместувачки услуги.
Македонските граѓани се меѓу последните во Европа и по користењето на интернет за продавање на производи и услуги, само 4%, како процент од оние што користеле интернет во последните три месеци од 2017 година. Полоша од нас е само Грција, со 3%, додека шампиони во оваа категорија се Холанѓаните, со 38% од граѓаните што користат интернет за продавање производи и услуги. Интересно е што на второ место е Хрватска, со 37%, пред Малта (36%), Германија (34%), Исланд (34%), итн.

Од времето кое го користат на интернет многу мал дел од македонските граѓани, само 50% го користат за барање информации за производи и услуги, додека европскиот просек е 80%. Исто така, само 12% од македонските интернет корисници бараат работа и праќаат апликации за работа онлајн. Само 11% од македонските корисници на интернет употребуваат интернет банкарство, а само Бугарија и Црна Гора се полоши од нас. Исланд  и Норвешка се први со 95%, а од регионов најдобра е Хрватска (50%).

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×