За скромни 2% пораснала транспарентноста на институциите
Објавено на од во Економија

За помалку од 2% е подобрена транспарентноста во Македонија во 2017 година, споредбено со 2016, објавува во својата анлиза Центарот за граѓански комуникации.

grafa cgi transparentnost

„Станува збор за рангирање врз основа на 31 критериум утврдени од обврските кои произлегуваат од Законот за јавните набавки, од обврските кои произлегуваат од Акцискиот план на Отвореното владино партнерство 2016-2018 година и од обврските кои ги наметнува добрата практика, произлегува дека институциите во Македонија не вложуваат доволно напори за да гарантираат ефикасно, наменско и рационално трошење на јавните пари“, се вели во извештајот.

Според истражувањето најтранспарентни биле оние што трошат најмалку пари.

Според објавената анализа, просечното ниво на исполнување на критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки кај министерствата, владините секретаријати и Собранието е 53,6% во однос на лани коа проценот изнесувал 51,7%.

Само две институции ги објавувале огласите како и склучените договори, иако е забележан раст на бројот на тендери кои имаат поразумни рокови за прибирање понуди од законски минималните.

Сепак се уште висок удел имаат оние на кои има само една понуда, што според ЦГК тоа ја става под знак прашање конкурентноста, еднаквиот третман и недискриминацијата на фирмите.

граф6 cgi transparentnost

„ Речиси една третина од тендерските документации на анализираните институции содржат дискриминаторски елементи кои можат да ја ограничат конкуренцијата. Исто како и претходната година, и во 2017 година, во дури 29% од тендерските документации се поставени високи критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба, како и на техничката или професионалната способност на понудувачите.“ се вели во извештајот.

Министерствата за образование и внатрешни работи се најслабо рангирани, со исполнети само 37% од критериумите. Додека најдобри се секретаријатот за спроведување на рамковниот договор и за европски прашања, кои исполнуваат по 71%.

Од сите институции здравство е поништило дури 77% од тендерите,  додека Секретаријатот за законодавство нема поништен тендер.

Овие институции склучиле вкупно 1363 договори за јавни набавки во 2017 година, а сите договори тежат 72 милиони евра, што споредено со лани, вредноста е намалена за дури 98 милиони евра.

Истражувањето ги опфаќа сите јавни набавки на 21 институција од 2017тата година.

Поставените критериуми врз основа на кои е извршено истражувањето и е направено рангирањето и анализата на податоците ги опфаќаат сите фази од циклусот на јавните набавки, односно од утврдување на потребите за набавките, преку планирањето и спроведувањето на тендерите, сѐ до реализацијата на договорите

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×