За Светозар Маровиќ 22 месеци затвор, а на државата треба да ѝ врати 1,1 милиони евра
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Вишиот суд во Подгорица усвои Договор  за признавање на вината, што поранешниот висок функционер на владејачката ДПС (Демократска партија на социјалистите) и поранешен претседател на Државната заедница на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ, го договорил со обвинителството.

Маровиќ прифатил затворска казна од една година и десет месеци, парична казна од 50 илјади евра, како и на државата да ѝ врати 1,1 милиони евра.

Тој е обвинет за повеќемилионски малверзации.

Како што е наведено на сајтот на Вишиот суд од Подгорица, договорот е склучен меѓу тамошното Специјално обвинителство и Маровиќ, поради продолженото кривично дело злоупотреба на службената положба преку поттикнување извршено на организиран начин, и продолженото кривично дело измама, извршено на организиран начин.

Против решението Маровиќ може да се жали во рок од три дена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×