За Uber да важат исти правила како за такси компаниите, пресуди Европскиот суд на правдата
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европскиот суд на правдата денеска пресуди дека американската компанија Uber треба да подлежи на истите правила како такси компаниите, а одлуката би можела да го промени нејзиниот начин на функционирање во Европа.

Највисокиот суд на Европската унија донесе пресуда врз основа на жалбата на здружението на таксисти на Барселона, кои сакаа да ја спречат работата на Uber во градот, наведувајќи дека неговите возачи треба да имаат одобрувања и лиценци за да работат.

Uber овозможува пристапни цени за возење, а возачите и патниците се поврзуваат преку апликација за мобилни телефони и го договараат возењето. Патниците ги возат непрофесионални возачи без лиценци, кои користат сопствени возила.

Во пресудата се наведува дека „дејноста на Uber за поврзување на поединци со непрофесионални возачи спаѓа во услугите од областа на сообраќајот“, и оти членките на ЕУ „затоа мораат да пропишат услови за давање вакви услуги“.

Пресудата е обврзувачка и на неа не може да се поднесе жалба.

Uber смета дека се разликува од такси компаниите и оти треба да подлежи на регулација како технолошки услужен сервис, а не како компанија за превоз, зашто неговата работа се базира на технолошка платформа.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×