ЗА ВАШИОТ КАПИТАЛ И НАШАТА МАКЕДОНИЈА!
Објавено на од во Коментари и анализи

zikov za kolumna-2Почитувани мои пријатели и пријатели на Капитал,

Во понеделникот на 24, Септември, 2018 Капитал одбележа 19 години од своето формирање (формиран е Септември, 1999). Догодина ќе прославиме 20 години.

За неколку недели, некаде во декември годинава ќе го прославиме нашиот, и ваш, илјадити број (1000 броја) од Капитал. Илјада недели, илјада петоци заедно.
Многу брзо, освен на нашиот веб портал
www.kapital.mk, ќе му се придружат уште два портала
www.izvoznici.mk и
www.manager.mk

Во декември, кога ке прославиме илјада броја на Капитал ќе организираме и голема конференција за македонскиот извоз каде ќе ги наградиме најголемите извозни компании од Македонија и најсилните оснивачи и директори, херои на економијата!

Драги пријатели

Поминавме многу фази во развојот на нашата издавачка компанија Капитал Медиа Гроуп (КМГ). Фазите се преклопуваа со оние во развојот на нашата сакана земја Македонија, која во сите години наназад за кои пишувам сега, крвари што заради своите глави, што заради лоша географија.

Во 1999 година, кога го почнувавме Капитал, во Македонија имаше 400.000 бегалци од Косово, и војна во Србија. Македонија крвареше … Не беше лесно да се почнува бизнис магазин тогаш. Кој се сеќава знае. Во 2001 година имавме војна во Македонија. Тешко беше да се опстане.
Многу политички и бизнис кариери на ликови кои и денес ги гледаме по партиите и компаниите своите кариери ги почнаа во Капитал. Имавме и многу сопки, де од едните, де од другите …

Од 2010 до 2012 година имавме и дневен весник Капитал. На многумина им сметаше. Во 2012 на еден министер во тогашната влада, му се беше “дигнал органот заради неограмичена моќ”, и со силно влијание притисна, нанјапред со инспекции, потоа со енергична одлука, ни го затвори весникот. Ни уби сон. Тој и не е свесен што убил во нас. Му реков тогаш – момче животот е долг. Јас имам работа за цел живот! Ти што имаш? Свесен ли си? Еве го денес се котрља низ “бомбите”, слушаме како работел, и заклучуваме дека ништо не работел, склети само, џабе буџетот го трошел … Абре куме!

Стиснавме заби, знаевме за што станува збор и продолживме. Не нокаутираше, но ние станавме ги истресовме палтињата и продолживме по патот!

И денес, еве не тука … Затоа што животот е долг … Останавме непокорни. Исто како Македонија. А можевме, така разочарани да си фатиме патот во туѓина. Не. Останавме овде, да работиме, оти верувавме во економијата, правниот систем, демократијата и иднината на Македонија. Плативме многу даноци, многу плати поделивме, многу трошоци кај печатниците, плативме многу реклама, имавме и трошоци од незаработи добивки поради политички и криминални притисоци … Но, останавме овде. Во Македонија. Оти го сакаме проектот Капитал и сакавме овој проект да успее овде. Оти ја сакаме Македонија и сакаме и нашата земја да го има во своите прегратки брендот Капитал, каков што има во многу просперитетни земји …

И денес сме пред вратите на 20 години од формирањето на Капитал. Оти веруваме во Македонија и во сопствената мисија со Капитал да ја направиме поубава и попросперитетна нашата земја.

Знаеме дека ќе биде супер.

Затоа,
Свесен дека сум го вложил половина од мојот живот во овој проект, и речиси целиот работен стаж и век досега, останувам на вербата дека Македонија чекори во вистинскиот правец! Ја сакам оваа земја Македонија.

И затоа

Во недела ќе гласам ЗА.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×