За задолжувањето од 650 милиони евра, Македонија ќе плаќа 5% камата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ројтерс денес објави дека Македонија почнала да ја рекламира обврзницата деноминирана во евра која ќе има принос од 5%.

Еврообврзницата е со рок на доспевање од 7 години, а како главни банки кои управуваат со продажбата на емисијата се Citigriup, Deutshe Bank, Erste Group и Societe Generale.

EurobondМоменталниот рејтинг кој Македонија го има како држава е BB-од страна на Standard & Poor’s и рејтинг BB+ од Fitch. Македонија последен пат издаде еврообврзница во ноември 2015 година кога се задолжи со 270 милиони евра со рок на доспевање од 5 години со камата од 5,125%, од кои 150 милиони евра беа употребени за враќање на еврообврзницата која беше издадена во 2005 година, а која доспеа во декември 2015 година.

Во 2014 година на меѓународните пазари се задолжи за 500 милиони евра по камата од 4,25% со рок на отплата од 8 години, односно таа достасува за наплата во 2021 година.

Претходната еврообврзница од 150 милиони евра која беше издадена во 2005 година, а беше со камата од 4,625% и беше отплатена во декември минатата година.
Значи во период од две и пол години, заедно со новата еврообврзница од 650 милиони евра, Македонија ќе се задолжи во странство за 1,42 милијарди евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×