Забавената економија ја принудува ЕУ да ги преиспита своите фискални правила
Објавено на од во Економија
Финска ја повика Европската Унија да ги разгледа своите строги фискални правила заради забавување на економијата. Во меѓувреме, монетарните стимуланси веќе можат да бидат близу до исцрпување, се вели во извештајот подготвен од претседателството на финскиот совет.
European Union flag against European ParliamentПериодичното оценување е диктирано од фискалните правила на ЕУ, но доаѓа во време кога многумина ја доведуваат во прашање состојбата со буџетските регулативи кои беа брзо преработени во пресрет на должничката криза во раниот дел од втората деценија.
„Додека првичните правила беа наменети само за да се обезбедат стабилни и одржливи финансии, некои правила ја истакнуваат улогата на фискалната политика во стабилизирањето на економијата“, се вели во извештајот.
Исто така во вторникот, претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лејн предложи поранешниот италијански премиер Паоло Џенентилони да ја преземе економската линија во новиот комитет, за кој аналитичарите велат дека може да биде чекор кон понатамошно финансиско опуштање.
Извештајот предизвикува нова дебата за реформите во фискалната политика, при што министрите за финансии на земјите-членки се очекува да разговараат за тоа на нивниот состанок во Хелсинки.
Финска, која генерално ги поддржува строгите правила на Пактот за стабилност и раст, во документот признава дека улогата на фискалната политика на Еврозоната е клучна за поддршка на економијата на Унијата, но може да се смета и како „повеќе ограничена“.
Според одредбите, фискалните правила треба да бидат прегледани и преиспитани до крајот на оваа година. Не е познато дали ќе бидат препорачани промени, но ова најверојатно ќе се има предвид со денешните економски трендови.
Сепак, аналитичарите тврдат дека дебатата може да доведе до промени, бидејќи Германија, која е традиционалниот економски мотор на блокот, е на работ на рецесија.
Минатата година, Европскиот фискален совет, буџетско советодавно тело на ЕК , објави дека фискалните регулативи со кои се бара земјите од еврозоната да задржат дефицити под 3% од производството и постепено да го намалуваат нивниот долг под 60% биле премногу сложени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×