Забрзува кредитирањето и на фирмите и на граѓаните
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

По сезонското намалување на кредитирањето во текот на првите три месеци од годината, во вториот квартал во услови на натамошно умерено олеснување на кредитните услови, кредитната активност на банкарскиот сектор оствари квартален раст од 2,7%. Поголем придонес кон растот на активноста на кредитниот пазар има секторот „домаќинства“, но и кредитирањето на корпоративниот сектор беше исто така солидно и имаше значителен придонес кон кварталната промена на кредитната активност, заклучи Советот на Народната банка на Република Македонија којшто денес одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во вториот квартал од 2018 година.

Растот од 2,5% кај депозитите во вториот квартал произлегува од депозитите на претпријатијата, со натамошен позитивен придонес и на депозитите на домаќинствата.  Притоа, беше потенцирано дека во второто тримесечје од годинава, банкарскиот систем ја задржа и ја зацврсти својата стабилност. Истовремено, при разгледувањето на Извештајот беше нагласено дека забрза растот на активностите на банкарскиот систем, а профитабилноста забележа натамошно подобрување.

Во вториот квартал од годинава, според усвоениот извештај, кварталниот раст на нефункционалните кредити изнесуваше 2,1% и беше повеќе присутен во корпоративното кредитно портфолио на банките. Кварталниот раст на нефункционалните кредити на домаќинствата се забрза до нивото од 3%, за што најголем придонес дадоа потрошувачките кредити одобрени на подолги рокови. Поради солидниот раст на кредитната активност на банките, учеството на нефункционалните во вкупните кредити во второто тримесечје од годината не се промени во однос на претходниот квартал и изнесува 5,1%.

Според податоците и согледбите презентирани во Извештајот, и во вториот квартал од 2018 година, показателите за ликвидноста на банкарскиот систем се одржаа на стабилно ниво, при што ликвидните средства учествуваат со околу една третина во вкупните средства на банките, покривајќи повеќе од половината од краткорочните обврски и близу 60% од вкупните депозити на домаќинствата. Во првото полугодие од годинава, добивката на банкарскиот систем и натаму се зголемува, а стапките на поврат на просечната актива и просечниот капитал и резерви достигнаа солидни нивоа, од 2,4% и 21,3%, соодветно. Подобрата профитабилност на банкарскиот сектор најмногу произлезе од наплатата на претходно резервирани побарувања и продажби на преземен имот заради ненаплатени побарувања.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×