Владата ги послуша бизнисмените: задолжница само кој сака
Објавено на од во Економија

Владата го прифати барањето на бизнисмените и предложи амандман со кој задолжницата останува само на доброволна база

Владата донесе одлука за укинување на задолжителната задолжница. Законското решение со кое задолжницата стануваше задолжителна е на дневен ред на денешната собраниска седница, а сега владата предлага амандман со кој таа останува доброволна. 

Стопанските комори од Владата побараа задолжницата да не биде задолжителна обврска за фирмите, туку да се издава само на доброволна основа, а Министерството за финансии да ја стопира примената на Законот за задолжница која требаше  да стартува од први април.

Задолжницата за првпат беше воведена пред две години на барање на бизнисмените. За нив задолжницата останува добар начин на наплата, само ако се применува  на доброволна, а не на задолжителна основа, сѐ со цел да не се изложат фирмите на дополнителни трошоци. Најоспоруван момент во Законот за задолжница беше обврската дека сите фирми мора да потпишат задолжница за секоја фактура над 5.000 евра.

“Премногу време  и пари ќе се губеа, за да кај нотар двете страни потпишуваат задолжница за секоја фактура над 5.000 евра. Со регулативата за финансиска дисцилина  државата треба да се дисциплинира и себе. До крајот на оваа година државните институции и фирми имаа 120 дена рок за плаќање, од наредната година ќе имаат 90 дена. Воопшто ќе нема потреба државата да издава задолжници, доколку го почитува Законот за финансиска дисциплина“, рече Горан Рафајловски од “Рафајловски консталтинг“ неодамна во интервју за Капитал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×