Задолжницата се одложува за три месеци! Бизнисмените бараат измени!
Објавено на од во Компании

Издавањето на задолжница за сите обврски до 300.000 денари (5 илјади евра) нема да биде задолжително од 1 јануари 2015 година. Владата ги прифатила забелешките на бизнисмените и ја одложи задолжителната примена на задолжницата за 1 април идната година, наместо како што беше претходно предвидени таа да стартува од 1 јануари.

Главна причина за одлагањето, како што соопштуваатод Министерството за финансии, се неколку измени на законот кој треба да се направат, но и приспособувањето на системот на Централниот регистар за прифаќање на кумулативна задолжница, за што се потребни околу три месеци месеци.
Измените на Законот за задолжница, како што е најавено, ќе се донесат во Собранието по скратена постапка.
Министерството за финансии предлага новина во Законот за задолжница да биде издавање на кумулативна задолжница, која ќе се издава меѓу фирма доверител и фирма должник, кои често влегуваат во должничко-доверителски односи. Со кумулативната задолжница ќе се овозможи со едно одење на нотар да се покријат сите трансакции меѓу двете фирми во период од најмногу една година.
Новина е и тоа што ако фирмата должник плати авансно или во рок од пет дена по настанување на обврската за плаќање – не е потребна задолжница. Овој инструмент за обезбедување на наплата не е потребен и кај должничко-доверителски односи со банки, осигурителни и лизинг компании.
Измените на Законот се одговор на повеќето забелешки кои во изминативе месеци доаѓаа од компаниите и правно-финансиските консалтинг фирми. Минатиот месец и Здружението на правници укажа дека концептот задолжница, доколку остане неизменет, ќе ги блокира нотарите, кои ќе треба да работат само на задолжници, а имаше забелешки и на висината на казните, посебно на најригорозна, која предвидува казна затвор, доколку на денот кога треба да се наплати задолжницата, фирмата нема доволно средства на сметката.
Најголем дел од бизнис заедницата се задоволни што Министерството за финансии ја одложи примената на задолжницата, но и натаму се со став дека не треба да се воведува задолжителна примена на задолжница бидејќи таа само ќе го кочи бизнисот и ќе биде на негова штета.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×