Задолжувањето никогаш поевтино: Европските влади продаваат обврзници со историски најниски приноси
Објавено на од во Економија
Европските земји веќе неколку векови ги бележат податоците за приносите на обврзниците што ги продаваат заради финансирање на своите потреби, а кои што сега се на историски минимум. Холандија е рекордер, со 500 години ваква статистика. 

 
Европските влади позајмуваат пари по најниски стапки на принос  откако постои бележан запис за ваков тип трансакции, вели Business Insider. Една држава практично се задолжува по најниски стапки во последниве речиси 500 години.

Истражувачите на американската инвестициска банка Merrill Lynch ги објавија историските податоци за приносите на државните обврзници на најголемите европски економии, одејќи наназад во времето кога почнале тие да се бележат.

Приносите на обврзниците го означуваат приносот што инвеститорот го добива ако купи обврзници издадени од држава или компанија. Колку што се пониски тие приноси, поевтино е да се позајмуваат пари на меѓународниот пазар на капитал.

Еве како изгледаат позајмувањата на неколку европски економии. Министерството за финансии на В.Британија позајмува релативно скапо во споредба со други европски земји – приносите на обврзниците издадени од нив се 2,5%, и се речиси идентични со претходниот историски минимум во 1950-те. Приносите на германските државни обврзници со рок на доспевање од 10 години се под 1%, речиси на историски минимум, ако не го земеме предвид  периодот на  огромна  финансиска нестабилност во 1920-те и 1930-те. Германија во минатото била соочена со периоди на хиперинфлација и агресивна дефлација, што предизвикало огромни осцилации во цената на позајмувањето.

И покрај стравот за време на кризата во еврозоната  дека трошоците на позајмување за Шпанија ќе пораснат вртоглаво (приносот на 10 годишните обврзници се качи на 7% во 2012 година), земјата направи силен пресврт. Трошоците на позајмување сега се на најниско ниво од 1821 година наваму, откога за прв пат се бележат официјални податоци, и изнесуваат под 2%.

Во Италија ситуацијата е слична: цената на позајмувањето за нивните влади била екстремно висока во поголемиот период од 20 век, и кулминираше за време на евро кризата. Сега се повторно на  историски најниско ниво, под 2%.

Во Франција 10-годишните обврзници имаат принос од 0,62%, најнизок од 1762 наваму, а Холандија е земја што ги “шие“ сите други во поглед на тоа колку долго време ги бележи податоците за приносите што ги дава нејзината влада за издадените обврзници. Верувале или не, од  1517 година датираат првите вакви податоци, стотици години пред тоа да го прават Франција и Британија. И да, секако, приносите на нејзините обврзници сега се најниски за овие 500 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×