Заедничката контрола ќе го забрза и поевтини протокот на стоки и патници
Објавено на од во Компании

Granicen-premin-Tabanovce WEB 958Стартува проектот one stop shop или заедничка контрола на границата на Македонија со Србија

Проектот one stop shop на граничните премини кон Србија во пракса ќе значи дека сите граничните и царинските контроли Македонија и Србија ќе ги прават заедно и на едно место и со едно застанување, наместо досегашната практика на двојно застанување во двете држави. Со one stop shop, граничната полиција, царинските службеници и сите надлежни служби на двете држави ќе бидат на една локација, па личните документи на патниците и царинските декларации за стоките ќе бидат заеднички прегледани и анализирани од двете служби.

 


Главни придобивки од заедничката контрола ?

  • двојно намалување на времето за поминување на границата
  • намалување на непотребните задржувања
  • помали трошоци за фирмите
  • минимизирање на можностите за шверц и измами
  • оптимизација на повратот на вложени средства и опрема

Македонската Влада минатата недела ја усвои информацијата за воведување на One stop shop или заеднички контроли на при поминување на границата помеѓу Македонија и Србија. Заедничките контроли на надлежните служби на Македонија и Србија ќе бидат воспоставени на граничните премини Табановце-Прешево, Пелинце –Прохор Пчински и железничкиот граничен премин на Табановце.
Станува збор за решение со кое значително ќе се забрза времето за завршување на граничните формалности на еден заеднички граничен премин, со единствено застанување и единствена контрола на патниците, стоката и превозните средства.

[caption id="attachment_54336" align="alignright" width="400"]Tanasoski WEB 958 Со воведување на ваквиот концепт ќе се овозможи повисок степен на хармонизација на граничните контроли и ќе се унапреди примената на концептот на интегрирано гранично управување, ќе се зајакне соработката помеѓу надлежните органи на соседните земји (царина, полиција, инспекциски органи), ќе се зголеми ефикасноста во делот на спречувањето на прекуграничните нелегални активности, ќе се оствари заштеда на ресурси на надлежните органи вклучени во реализацијата на концептот и конечно, значително ќе се намали времето и трошоците за спроведување на граничните формалности со што ќе се забрза и поедностави протокот на патници, стока и превозни средства, вели Ѓоко Танасоски, генерален директор на Царинската управа.[/caption]

“Со воведување на ваквиот концепт ќе се овозможи повисок степен на хармонизација на граничните контроли и ќе се унапреди примената на концептот на интегрирано гранично управување, ќе се зајакне соработката помеѓу надлежните органи на соседните земји (царина, полиција, инспекциски органи), ќе се зголеми ефикасноста во делот на спречувањето на прекуграничните нелегални активности, ќе се оствари заштеда на ресурси на надлежните органи вклучени во реализацијата на концептот и конечно, значително ќе се намали времето и трошоците за спроведување на граничните формалности со што ќе се забрза и поедностави протокот на патници, стока и превозни средства”, вели Ѓоко Танасоски, генерален директор на Царинската управа.

Танасоски вели дека Царинската управа на Македонија ваквиот вид на контроли ги смета за голема поволност во забрзувањето и олеснувањето на движењето преку државната граница.

“Во рамки на оваа иницијатива Царинската управа и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија заедно со Министерството за надворешни работи треба во соработка со надлежните органи на Република Србија треба да го потврдат интересот за формирање на мешовита работна група, составена од институции кои имаат надлежност на граничните премини. Мешовитата група треба да биде главен координатор и иницијатор за воспоставувањето на one stop shop помеѓу двете држави”, објаснуваат од Царинската управа на Македонија.

Покрај оваа формална комуникација, Царинската управа со помош на консултанти на Меѓународната финансиска корпорација и Светската Банка, извршила анализа за состојбата на терен врз основа на согледување на законските услови, инфраструктурните услови на граничниот премин Табановце и организациската поставеност на Царинската управа, граничната полиција и сите служби што се присутни на граница. Во рамки на посетата реализирана е средба со граничните служби на Србија. Извештајот на консултантите треба да биде од значителна помош за мешовитата работна група.

Истовремено, со помош на ИПА програмите на ЕУ на граничниот премин Табановце-автопат извршено е проширување и пренамена на постојниот терминал за увоз и извоз на стока за дополнителни 4.000 метри квадратни,  изградени се две коловозни ленти на граничниот премин за излез од Република Македонија и изградени се придружни објекти, со што се обезбедени сите инфраструктурни услови за воспоставување на вакви заеднички контроли.
“Реновираниот граничен премин Табановце треба да биде пуштен во употреба овој месец”, велат од Царината за “Капитал”.
Според предвидената динамика, предвидено е проектот да започне во две фази. Првата фаза би ја опфатила заедничката контрола во патничкиот промет, а во втората фаза што треба да се реализира до крајот на годината, заедничките контроли треба да се применуваат и на движењето на стоките.


Според предвидената динамика, предвидено е проектот да започне во две фази. Првата фаза би ја опфатила заедничката контрола во патничкиот промет, а во втората фаза што треба да се реализира до крајот на годината, заедничките контроли треба да се применуваат и на движењето на стоките.

Како ќе функционира во пракса?

Заедничките гранични контроли во пракса значат дека две соседни царински администрации да се договорат за заедничка контрола на царинската постапка, односно за координирање на контролите за извоз и увоз, работното време и надлежностите на службите што се присутни на граница.
Според меѓународните стандарди на Светската царинска организација потребно е Царинската управа да ги координира работните часови и нивните надлежности на сите гранични служби за да обезбеди непречена и брзо минување на стоки и патниците на границата. Покрај тоа, двете земји треба да го координираат физичкиот распоред на граничниот премин во однос на бројот на ленти, транзитни ленти, паркинзи и други релевантни објекти во согласност со препораките од Меѓународната конвенција за хармонизација на граничните контроли на стоките.

Од Царинската управа објаснуваат дека за се ова да профункционира во пракса е неопходен билатерален договор со двете земји, кој ќе обезбеди воспоставување и одржување заеднички капацитети и поделба на трошоците, дефинирање на граничната линија, правна основа за службениците од секоја земја да извршуваат мерки за спроведување на законот (на пример, казни, заплени, апсења) на територијата на друга земја во рамките на заедничката царинска испостава, вклучувајќи и случаи на истраги.
Во договорот, исто така, треба да се воспостават редовни билатерални консултации на локално, регионално и национално ниво за да дискутира за оперативните и политичките прашања.

“Практичното функционирање во пракса ќе значи дека граничните и царинските контроли на Република Македонија и Србија ќе се вршат на едно место и со едно застанување, наместо досегашната практика на двојно застанување во двете држави. Со one-stop-shop, граничната полиција на двете држави ќе биде на една локација, така да на исто место ќе седат граничните полициски службеници и при преглед на личните документи податоците ќе бидат заеднички прегледани и анализирани од двете служби. На тој начин, преку спојување на границите ќе можете само со едно застанување да ги завршите сите гранични формалности”, објаснуваат од Царинската управа.

На ист начин ќе биде реализирано и движењето на стоките. Цариниците од двете земји ќе бидат на иста локација, при што извозната царинска декларација во Република Македонија ќе претставува истовремено увозна царинска декларација во Србија и обратно.

Кои ќе бидат главните придобивки за граѓаните и за фирмите?

Заедничките контроли преку оне-стоп-шоп укажуваат на многу придобивки, како за патниците, така и за бизнисите, и за државата во целост.

Една од најголемите придобивки е намалување на времето што е потребно за да се помине границата. Времето на минување за патниците ќе биде двојно намалено, бидејќи контролата ќе се врши само на едно место, а исто така ќе се забрза и поминувањето на камионите и протокот на стоки.
Понатаму ќе се намалат досегашните непотребни задржувања на граница, со тоа што соработката меѓу службите ќе биде интензивирана и тие ќе вршиазаедничка проверка на податоците. Намалувањето на времето потребно за проток на стоки, ќе ги намали и трошоците за прекугранична трговија, со што значително ќе се придонесе за поевтинување на транспортот на стоки и обезбедување на поголема конкуретност на увозниците и извозниците.
Заедничката контрола на стоката на едно место ќе ги минимизира и можностите за шверц и измами, бидејќи нема да постои можност фирмите различно да ја прикажуваат вредноста на стоките, со оглед на тоа што вредноста на стоките за извоз од Србија или од странство, ќе биде истовремено вредност на увоз на стоките во Република Македонија.
За мала економија што нема излез на море, заедничките гранични контроли се најдобар показателот на степенот на интеграција во глобалниот синџир на снабдување.


Што ќе значи регионалната економска област?

Сите овие иницијативи треба да обезбедат поголема економска и транспортна поврзаност на земјите од Западен Балкан и создавање на Регионална економска област како што беше потврдено на Самитот во Трст во рамките на Берлинскиот процес за Западен Балкан.

Создавањето на регионалната економска област е поткрепено со консолидиран повеќегодишен план на активности и временски рокови за остварување на овие активности. Според овој план регионалната економска област треба да се финализира за период од шест години, односно најдоцна до 2023 година.

Практично, со целосното воспоставување на регионалната економска област треба да се постигне еден вид заеднички единствен пазар, каде што движењето на стоките во рамките на земјите-членки на ЦЕФТА ќе биде значително олеснето, бидејќи транспортните средства треба да ги минуваат границите без никакви задржувања и чекања. Ова треба да се постигне преку зајакнување на механизмите за набљудување и спроведување на законите, меѓусебно прифаќање на сите гранични документи, воведување концепт за регионални овластени економски оператори, создавање заеднички платформи за размена на податоци меѓу сите гранични агенции.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×