Заев: Акциски план 3-6-9 за сериозен пробив во евроинтеграциите, по долгиот застој
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Со усвојувањето на Акцискиот план 3-6-9 Владата прави чекор за сериозен пробив кон евроатлантските интеграции по долгиот застој, истакна на денешната прес-конференција во Владата премиерот Зоран Заев.

„Планот 3-6-9 отвора перспективи на Република Македонија кон Европската унија и НАТО, кои значително ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните“, рече Заев.

Тој појасни дека именувањето на планот 3-6-9 всушност ги означува мерките и активностите што треба да се спроведат во наредните три, шест, девет месеци. Според него, целта е до локалните избори закажани за октомври годинава, Владата да ги испорача првичните резултати, до декември да биде отстранета условената препорака, а до наредниот извештај на Европската комисија – напролет следната година, Македонија да добие и датум за почеток на преговорите.

„Најавуваме демократски Парламент, реформи во судството, медиумите, борбата против корупцијата, реформи во јавната администрација, во изборното законодавство, според препораките на ОБСЕ и ОДИХР, кохабитација со претседателот на државата… Ќе соработуваме и со граѓанското општество, со кое имаме намера да водиме дијалог кој ќе биде транспарентен“, рече Заев.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи ги појасни мерките и активностите содржани во планот и рече дека Владата мора да ги испорача, бидејќи, како што рече, претставуваат наднационален предизвик.

Владата на вчерашната седница го усвои Предлог планот 3-6–9, за спроведување на итните реформски приоритети важен за евро – атлантските интеграции на Република Македонија, како и за подигнувањето на квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×