Заев: Било какви избори на 24 април ќе нѐ втурнат во драматична криза со несогледливи последици
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Фер избори на 24 април не може и нема да има. Било какво инсистирање за избори на 24 април само заради спас на власта ќе ја втурне Македонија во уште подлабока, драматична криза со несогледливи последици. На Македонија ѝ се неопходни избори час поскоро, избори без фантомски гласачи и со слободни медиуми. Избори на кои ќе одлучат граѓаните, а не мафијата. Потврдени избори од меѓународната заедница“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на тукушто завршената прес-конференција.

Тој рече дека СДСМ нема да достави иницијатива за повлекување на одлуката за распуштање на Собранието, односно за одржување на изборите на 24 април – ќе остави тоа да го направат партиите  што самостојно донесоа одлука за одложено распуштање на Собранието.

„СДСМ нема намера да аминува уште едни криминални и нерегуларни избори. Партиите кои покренаа иницијатива за распуштање на Парламентот и прогласување избори се тие кои сега треба да поднесат иницијатива за повлекување на таа одлука“, рече Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×