Заев-Бошковиќ: Од исклучително значење за нас е искуството на Црна Гора во процесот за членство во НАТО
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„За Владата на Македонија, за граѓаните на нашата земја и за нашите стратегиски интереси од евроатлантските интеграции, членството на Црна Гора во НАТО е водилка на охрабрување, и за нас ќе биде од исклучително значење да се повикаме на искуствата на Црна Гора од нејзиниот процес за членство во Северноатлантската алијанса“, изјави премиерот Зоран Заев на средбата со министерот за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, кој е во официјална посета на нашата земја.

Премиерот Заев на средбата со делегацијата на црногорското Министерството за одбрана, информирал за текот на реформите во Македонија, кои со забрзано темпо се преземаат во насока на евроатлантските интеграции, особено за текот на реформите на ниво на Министерство за одбрана и на АРМ. Премиерот Заев ги издвоил чекорите што се преземаат за подобрување на животниот стандард и условите за работа на припадниците на АРМ како и зајакнувањето на капацитетите на Министерството за одбрана кои во наредната година ќе бидат значително поддржани и со зголемената ставка за овие области во Буџетот на Република Македонија.

„Сите овие напори и вложувања, како и одлуката за зголемување на придонесот на АРМ во мировни операции „Одлучна поддршка“ и УНИФИЛ, се во насока на очекувањата, Република Македонија идната година да стане полноправна членка на НАТО. Ја користам и оваа прилика уште еднаш да се заблагодарам за целосната поддршката на Црна Гора за полноправно членство на Република Македонија во НАТО, која доаѓа како резултат на нашето долготрајно и искрено пријателство и од заедничките стратешки интереси“, истакнал премиерот Заев.

Министерот за одбрана Бошковиќ, пак, истакнал дека членството на Република Македонија во НАТО е од посебен интерес на неговата земја, и дека тој искрено очекува Македонија да биде 30-тата земја членка на Алијансата.

„Црна Гора е во постојана мисија на заложба за колку што е можно побрз прием на Република Македонија во НАТО, и е промотор на остварување на оваа цел, пред сè заради стабилноста на регионот и на сите земји во него“, изјавил Бошковиќ.

На средбата со Бошковиќ, на која премиерот Заев бил придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, станало збор и за регионалната соработка при што било искажано особено задоволство од заедничкото учество и придонесот на двете земји во Јадранската Повелба.

„Беше констатирано дека таа соработка веќе дава сериозни резултати и дека постојат уште можности, како што е заедничкиот партнерски пристап до одредени фондови на НАТО и на ЕУ, кои поддржуваат многу аспекти на колективната безбедност, не само од воен или друг безбедносен аспект, туку и од аспект на заедничките акции за заштита на цивилното население и ресурси од природни катастрофи“, стои во соопштението од Владата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×