Заев денеска ги почнува разговорите за владиниот кабинет  
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Заев
Денеска мандатарот за состав на влада Зоран Заев ги почнува разговорите со лидерите на партиите од парламентарното мнозинство за формирање на нова влада. Првата средба на лидерот на СДСМ ќе биде со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а се очекува разговорите да продолжат и во текот на викендот, бидејќи треба да се усогласат позициите на сите партнери од мнозинството.

Уставниот рок до кој треба да биде договорен владиниот состав истекува на 6 јуни, но Заев најави дека тоа ќе се случи многу порано.

Од СДСМ велат дека целта на разоворите не е квантитативно да се поделат функциите, туку да се најде квалитетен кадровски одговор за потребите на идната реформска влада, пред која стои предизвикот на итни и тешки реформи.

Главниот филтер за некој да се најде во владиниот кабинет е да не се опфатени од истраги на СЈО, ниту да се надеваат дека власта ќе им помогне да избегнат санкции, ако во иднина бидат засегнати со кривични постапки.
На таков начин коалицијата сака да создаде основи за силен имунолошки систем против корупција и криминал, но и да промовира цврста основа за реформи во правосудниот систем.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×