Заев: ДИК и банките може да се соочат со кривична одговорност
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Потенцијална кривична одговорност има во одлуката на Државната изборна комисија да го поништи ветото на дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, против новото задложување од 100 милиони евра, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вонредна прес-конференција. Тој ги повика банките да не ги обезбедуваат овие средства на незаконски начин.

„Мандатот на овој состав на ДИК е истечен и затоа не може да го одбие ветото на заменикот министер. Не може неговото вето да важи на надворешниот пазар, а да не важи на домашниот. Државата има обврски од 64 милиони евра, што значи дека разликата до 100 милиони евра ќе биде за изборна корупција“, рече Заев.

Според него, одлуката на постоечкиот состав на ДИК за одбивање на ветото била очекувана и водена од политичкиот интерес на власта.

„Дури и во своите последни пет минути, Никола Груевски работи спротивно на интересите на граѓаните. Актуелниот состав на ДИК, чиј законски мандат истече на осми ноември, на неполни 24 часа пред изборот на новиот состав, донесе политички диригирана одлука на штета на граѓаните“.

Пред денешната аукција, Заев ги предупреди банките дека сите аукции на државни хартии од вредност за кои нема согласност од Наумов ќе бидат предмет на законско третирање.

„СДСМ ќе ги искористи сите правни и политички механизми за да спречи изборна корупција. Секое дополнитело  едно евро влегува во парите за изборни манипулации“, рече Заев.

Вчера ДИК не го прифати ветото што го стави дополнителниот заменик министер Кире Наумов, за задолжување на Владата кај домашните банки за 100 милиони евра, поради што денеска ќе има аукција на државни записи.

Со пет гласа „за“, ДИК одлучи дека новиот заем нема да влијае на изборниот процес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×