Заев: Доаѓа ново време, време на реформи
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

6624-slika za prasanje
Зоран Заев кандидатот за премиер на Македонија, во интервју за српски Kурир, прво после добивањето на мандатот за состав на нова влада од претседателот Иванов, вели дека тоа е порака дека непријатностите во Македонија завршуваат.

„Доаѓа ново време, време на реформи и наш брз пат за рамноправно членство во ЕУ и НАТО“, вели Заев.

Запрашан дали тоа значи дека Македонија излегува од политичката криза во која се наоѓаше последните неколку години Заев одговара:

„Чинот на давање мандат е почеток на завршување на политичката криза во Македонија, убеден сум. Се надевам дека предлогот за состав на влада парламентот ќе ја даде за десет дена, можеби дури и за помалку. До крајот на месецот ќе имаме нова реформска влада. Сакам соработка со идната опозиција, таа ни треба. Заедно треба да ги донесуваме законите, за кои е потребно двотретинско мнозинство. Драго ми што сите заедно сме на нашата агенда за полноправно членство во ЕУ и НАТО. Мојата порака до сите е соработка, ако сакаме да успееме, ни требаат пријателите од Европа и светот, но наши први пријатели се нашите соседи и во тој правец ни треба поддршка, тука е и Република Србија. Веќе реков дека Србите се наш братски народ и се надевам дека ние политичарите ќе работиме за подобра иднина и граѓаните на Србија и Македонија. Ние во иднина мораме да ја унапредиме нашата соработка.

Во однос на соседската политика и соработка Заев вели дека ќе продолжи како и досега да биде политичар кој еднакво се однесува кон сите.
„Тоа е типично за мојата мултиетничка Македонија, но реално и ЕУ го заснова својот напредок и своите планови на разбирање и различности. Она што го постигнавме во Македонија е дека имаме поддршка од сите етнички заедници. Ги обединивме сите различности, дури се случи и мултирелигиозно обединување. Тоа е иднината за Македонија, и за регионот. Ако ние соработуваме, и ЕУ нас ќе не почитува повеќе. Верувам дека целиот регион има само една иднина, а тоа е да стане дел од ЕУ.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×