Заев: Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси на Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Договорот за добрососедство со Бугарија е во согласност со националните интереси на Македонија. Ќе биде потпишан на македонски јазик според Уставот на Република Македонија, и на бугарски, според Уставот на Република Бугарија, истакна македонскиот премиер Зоран Заев попладнево на прес-конференција во Владата.

Договорот, како што наведе, ќе биде објавен на веб страницата на Владата, со што ќе стане јавно достапен за сите. Заев нагласи дека договорот отвора огромни перспективи за соработка и за решавање, а не за создавање на проблеми. Во Бугарија имаме пријател и сосед со кој заеднички ќе ги решаваме проблемите, и кој го поддржува приемот на Македонија во ЕУ и во НАТО без условување, рече Заев.

Документот ќе помогне за интензивирање на севкупната соработка меѓу двете земји, рече Заев, посочувајќи дека очекува сегашната трговска размена меѓу двете земји која изнесува меѓу 500 и 600 милиони евра да достигне милијарда евра.

Потсети дека сегашната Влада го финализирала договорот што почнал да се подготвува уште во 2009 година. Премиерот Заев рече и дека очекува македонската опозиција да го поддржи Договорот за добрососедство со Бугарија.

Предвидено е Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, да го потпишат премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов, на 1 август во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×