Заев: Го отвораме пакетот за поклопеноста на медиумите од страна на Груевски
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Денеска го отвараме пакетот за поклопеноста на медиумите од страна на Никола Груевски, контролата што тој ја воспоставил врз јавниот сервис МРТВ, врз телевизиите Сител и Канал 5“, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев, на почетокот на денешната прес-конференција на која ги презентираше аудио материјалите од новата „бомба“.

Во првиот сет снимени телефонски разговори можеше да се слушне, како што рече Заев, како министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протуѓер, договараат кадровски решенија за МРТВ, од дописници во странство, до спортски новинари. Во овие разговори беше споменато дека во тефтерот на миистерката се наоѓаат и кандидати за новинари во јавниот сервис, предложени од општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, а за кои, наводно Протуѓер, вели дека „ако се работи само за вработување, нека се вработат во Водовод, не мора да бидат новинари“.

Понатаму беа презентирани снимки, на кои, според претседателот на СДСМ, разговараат сопствениците на телевизиите Сител и Канал 5, Горан Иванов и Емил Стојменов, уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас, директорот на УЈП, Горан Трајковски, Протуѓер … Последниот, според она што можеше да се слушне, на споменатите сопственици и уредник им кажува што да оди, а што не во вестите, како да биде пласиран одреден прилог; одлучува за подобноста на експертите поканети за став по одредена тема.

Заев на почетокот и на крајот на прес-конференцијата, остро ги осуди вчера упатените закани упатени до новинарот Борјан Јовановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×