Заев: Градиме квалитетна инфраструктура за сите
Објавено на од во Економија
Македонската Влада гради квалитетна инфраструктура низ целата држава, чија цел е да се обезбеди брз проток на луѓе, стоки и услуги, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
Zoran-Zaev-Civil-5-C2„Градиме квалитетна инфраструктура низ целата држава, за сите. Квалитетно изградена патна и железничка инфраструктура е императив за нас, бидејќи претставува крвоток на економската активност, преку брзиот проток на луѓе, стоки и услуги“, наведува Заев.
Тој натаму потенцира дека гасификацијата е еден од највредните проекти за граѓаните и компаниите на нашата земја, при што ширум државата се изградени 216 километри гасовод.
„Фокусирани сме на изградба на водоводи и канализации заради подобрување на животот на граѓаните. Досега се изградени над 30 километри водовод за 310.000 жители и 37 километри канализација за 22.500 жители. Заедно ја градиме Северна Македонија. Ја правиме убаво место за живеење. Градиме по план“, потенцира премиерот Заев во објавата на Фејсбук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×