Заев: Груевски ја испазарил амнестијата на Хашките случаи за зацврстување на коалицијата со Ахмети
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Со новата, денеска презентирана „бомба“, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека „се симнува уште една од маските на Никола Груевски, таа за неговиот наводен патриотизам“. Прислушуваните разговори пуштени на прес-конференцијата во седиштето на СДСМ, се однесуваат на Законот за амнестија на Хашките случаи, односно на автентичното толкување на членот 1 од овој Закон (прифатено од Собранието во 2011 година) со кое престана кривичниот прогон на одговорните за четирите Хашки случаи од 2001 година, меѓу кои оној за командната одговорност на ОНА, за затворањето на Липковската брана, за киднапирањето цивили од кичевско-тетовскиот регион и за малтретирањето на мавровските работници.

Според Заев, денеска презентираните аудио материјали, „откриваат дека Груевски, со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, поради зацврстување на владината коалиција, испазарил носење на закон за амнестија на Хашките случаи од 2001 година“, а за неговото спроведување „ги фрлил во оган неговите најблиски соработници и пратениците “, односно, „целата одговорност ја префрлил на Собранието“.

Претседателот на СДСМ рече дека во снимените телефонски разговори може да се слушне како премиерот ѝ дава инструкции на тогашната координаторка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, како да се води процесот за законот. Според Заев, на другите денеска презентирани снимки, на истата тема зборуваат и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, министерката Гордана Јанкулоска, вицепремиерот Зоран Ставрески, заменик-министерката за правда, Билјана Бришковска – Бошковски, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Во разговорите, како што посочи Заев, се гледа отпорот што одредени функционери го давале против начинот на кој се носел законот. Бидејќи истиот е носен пред изборот на нова влада (изгласана на 28 јули 2011 – една недела по затворањето на Хашките случаи), некои од министрите официјално сѐ уште се пратеници (Јанкулоска, Ставрески, Владимир Пешевски …), и во разговорите, според Заев, може да се слушне дека врз нив бил вршен притисок да дојдат во Собранието за да обезбедат кворум за работа.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×