Заев и Анѓушев со порака до германските бизнисмени: Во Северна Македонија има поволни услови за инвестирање
Објавено на од во Економија
Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска се сретнаа со претставници на дел од најголемите компании во Германија на кои им порачаа дека во Северна Македонија има поволна клима за инвестирање.
Zaev-AngjusevЗаев пред германските бизнисмени, како што соопшти владината прес- служба, истакнал дека политичките и демократските промени во државата создале поволна клима за економски развој и средина што има сериозна поддршка за странските инвеститори.
„Постигнатите резултати од 4,1 проценти раст на БДП во првиот квартал од годината, за разлика од рецесијата од -1,8 проценти во истиот квартал пред две години, растот на индустриското производство и падот на невработеноста за речиси пет проценти за две години, се само дел од резултатите што ги дава поддршката на владините политики за поддршка на бизнисот. Заедно со бизнисмените од комерцијалниот сектор, создаваме услови бизнисот да прави профит, но и да го забрза развојот на земјата“, рекол Заев, најавувајќи дека ќе продолжат политиките за реформи во јавната администрација со цел таа да биде сервис за бизнисот и граѓаните.
Вицепремиерот Анѓушев посочил дека државната поддршка за странските инвеститори оди до 50 проценти од вкупната инвестиција по повеќе основи.
„Уште повеќе нашите политики обезбедуваат предвидлива и одржлива средина за старт и за развој на инвестициите. Поддршката на домашните компании ги прави соодветни партнери на странските компании, а условите што ги креираме во трговските и индустриските развојни зони обезбедуваат европски стандарди за компаниите што сакаат да започнат „гринфилд инвестиција“, рекол Анѓушев.
Германските бизнисмени, велат од Владата, ги истакнале досегашните позитивни искуства од соработката со Северна Македонија и со компаниите од земјата и се согласиле дека позитивниот севкупен развој отвора нови перспективи за соработка и за нови инвестиции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×