Заев и Коѕиас вчера имале телефонски разговор
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас вчера имал телефонски разговор со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Ова го соопшти грчкото Министерство за надворешни работи, без да наведе други детали за разговорот. Засега ниту грчките медиуми не шпекулираат за што се разговарало.

Во истото соопштение, грчкото МНР наведува дека Коѕиас телефонски контактирал со новата министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, на која ѝ ја честитал функцијата. Двајцата министри разговарале за следните чекори во грчко-бугарската соработка на билатерално и регионално ниво.

Шефот на грчката дипломатија вчера, исто така, телефонски разговарал и со министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, со кого дискутирале за прашања од билатералната соработка и за спроведување на грчко-германскиот акционен план.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×