Заев и Тевдовски на годишната средба на ЕБОР
Објавено на од во Економија
Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски  учествуваат на редовните годишните средби на Европската банка за обнова и развој  во Сараево.
Zaev-i-TevdovskiКако што најави владината прес-служба, премиерот Заев  денеска ќе учествува на церемонијата на отворање на Годишното собрание на ЕБОР, а ќе се обрати и на панелот на високо ниво на лидери од шесте земји на Западен Балкан.
Главна тема на годинашниот бизнис-форум ќе биде „Поврзување на економиите за посилен раст“, а агендата ќе покрие широк опсег на области релевантни за сите држави во кои што  работи ЕБОР како: инвестиции, миграција, туризам, дигитизација. Ќе се одржат и дискусии за регионални прашања со фокус на можностите за инвестиции во Западен Балкан.
Во тек на на 28.Годишен состанок на Одборот на гувернери, инвестициска конференција и бизнис-форум ЕБО.Р  се очекува присуство на повеќе од 2 000 претставници на меѓународната бизнис-заедница, инвеститори, гувернери на ЕБОР, министри за финансии, економисти, благајници или централни банки, претставници на граѓански организации.
Европската банка за обнова и развој, како меѓународна финансиска институција што поддржува проекти во над 30 земји од светот, минатата година инвестира 1.1 милијарда евра во државите од Западен Балкан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×