Заев и Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

dogovor-prespa-zaev-cipras-6-3Добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Тунижанката Уидед Бушамауи, денес официјално ќе поднесе номинација – следната Нобелова награда за мир да им биде доделена на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Нејзиниот предлог ќе биде претставен на церемонијата што денес во 11 часот ќе се одржи на Првиот приватен универзитет – ФОН, каде во март годинава Бушамауи ја доби титулата почесен професор (professor honoris causa).

„Договорот од Преспа, во кој потписниците и медијаторите вложија огромна енергија, го гледам како исклучително значаен процес кој заслужува да биде номиниран за Нобеловата награда за мир. И Генералниот секретар на ОН, господинот Гутереш, деновиве повторно го истакна тој Договор како пример кој може да биде модел за решавање на проблемите во светот“, вели Бушамауи.
Европратеникот Стелиос Колуглу и генералниот менаџер на ФОН, м-р Сефер Цаноски, ќе говорат на утрешната панел дискусија, по што ќе следи и официјалното номинирање за наградата од страна на нобеловката Уидед Бушамауи.
Бушамауи, Ружин и Колуглу денеска ќе бидат примени од од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе имаат средби и со сите пратенички групи во парламентот.
По церемонијата во Скопје, на 19-ти декември, Бушамауи, Ружин, Цаноски и Колуглу заминуваат во Атина, каде ќе се сретнат и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, за официјално да му ја соопштат нивната иницијатива.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×