Заев и Ципрас се меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

zaev-ciprasПремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас се меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир, изјави Виктор Нумелин, главен уредник на вестите за нобелови лауреати на новинската агенција ТТ за грчката агенција АНА-МПА.
“Секоја година има многу предлози и дискусии за оваа награда. Годинава зборувам за Кореја, за имиграцијата, за ситуацијата меѓу Македонија и Грција и за нивните меѓусебни преговори“, вели Нумелин.

„Тие се меѓу фаворитите, сигурно. Тешко е да се каже кој е номиниран, а кој не е номиниран, бидејќи тоа е половично тајна, но тие беа споменувани за наградата. Секоја година има многу шпекулации и дискусија околу тоа кој ќе ја добие наградата за мир и на која област би се насочило вниманието“, вели Нумелин.

Според шведскиот новинар, многумина во комитетот што ја доделува Нобеловата награда за мир сметаат дека тоа би било совршена награда.

„Би било совршено Нобеловата награда за мир, на пример, да им се додели на премиерите на двете земји или на некој друг кој преговарал“, додаде Нумелин.

Двајцата премиери се номинирани за наградата заради Договорот кој се потпиша на 17 јуни во грчкиот дел во Преспа во селото Псарадес (Нивици), со кој ако биде имплементиран во двете земји, ќе се реши 27 годишниот спор за името меѓу двете земји.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×