Заев: Илинденска Македонија е сѐ уште на маса
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Предлогот „Република Илинденска Македонија” во Македонија не отпаѓа“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Овој предлог, како што рече, е вреден и е за длабоко размислување, затоа што ги исполнува очекувањата на мнозинството граѓани на двете земји.

„Република Илинденска Македонија е име кое не го загрозува, туку напротив, го зајакнува идентитетот на Македонија, а на Грција ѝ дава сложено име со временска одредница“, рече Заев.

Посочи дека тој и грчкиот премиер Ципрас целосно веруваат во ова решение и оти тие двајца се само една од алките во целиот овој процес.

„Ние сме Зоран и Алексис, и ние сме повикани како претседатели на владите да ги носиме процесите. Знаете дека уште во првиот момент рековме дека постои опција што може да биде прифатлива за двете страни, а тоа значи да се види како политичките структури и институциите во државата стојат… Има институционални процеси во донесувањето на одлуките. Кај нив тоа е Парламентот преку ратификација на евентуалниот договор за решението, а кај нас се и Парламентот и граѓаните преку референдум, и евентуалните уставни промени кои би се случиле затоа што во прашање е пакет“, истакна Заев.

„За нас е важно затоа што не задира во нашиот идентитет, напротив го јакне, го сочувува нашето достоинството, и ги постигнуваме условите кои за нас се важни, а исто така грчката страна добива ново име – сложено, добива одредница и уставни промени“, рече Заев.

Тој изрази верба дека разговорите ќе продолжат и треба да му се даде шанса на овој предлог кој, како што додаде, верува оти е решение за 25-годишниот спор.

„Зборуваме за пакет, а не за поединечни делови. Не може да се очекува уставна промена во Македонија за било кое решение, затоа прифативме ние уставна промена, затоа што е решение кое не нѐ понижува. Ќе го сочуваме нашето достоинство, а притоа идентитетските прашања се фиксирани, а притоа ги исполнуваме и нивните услови“, нагласи премиерот Заев.

Од друга страна, грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Метју Нимиц во неговите предлози, како што рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрос Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“.

Ѕанакопулос го поздрави прифаќањето на ерга омнес, споменувајќи го како позитивна разврска и позитивен чекор од средбата на двајцата премиери, јави дописничката на МИА од Атина.

„Што се однесува на името, не сме стигнати до таму. Секако постојат предлози што биле ставени на маса, но, сепак, грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози. Но, не сме стигнати до таму, треба да поминеме уште пат за да можеме да говориме за конечен договор“, вели Ѕанакопулос.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×