Заев: Имаме добри шанси за одлука за полноправно членство во НАТО во декември
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Имаме добри шанси на 3 или 4 декември годинава да добиеме одлука за полноправно членство во НАТО, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
makedonija-nato-znaminja-6Тој изрази благодарност до Турција и Чешка, кои вчера ја завршија ратификацијата на Протоколот за членство, изразувајќи уверување дека до крајот на следната недела се очекува Велика Британија да информира оти ја завршила ратификацијата, како и дека Шпанија наскоро ќе формира Влада и парламентарно мнозинство, со што Парламентот ќе може да гласа за Протоколот.
„Веќе сме со ратификуван договор од 21 земја. Тоа се за нас добри пораки заради тоа што во последните пет-шест месеци ратификацијата се движи со повеќе од посакуваното темпо. Остануваат уште осум земји, верувам дека оваа или до крајот на следната недела Британија ќе не информира дека е истечен рокот од 21 ден и таму ратификацијата е завршена, со што ќе бидат 22. Се надеваме дека Шпанија бргу ќе формира влада и парламентарно мнозинство за да може да гласа, а другите земји веќе не информираа за процедурите и протоколите“, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на археолошкиот локалитет Стоби.
Веројатно, дополни Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров во скоро време ќе не информира за процедурите и постапките во останатите осум држави каде што очекуваме да се случи ратификацијата, така што и тоа како имаме добри шанси на 3 или 4 декември да добиеме одлука за полнопрвно членство за НАТО.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×