Заев: Имаме докази за 10 причини за нова истрага за смртта на Младенов
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Нова истрага за смртта на Никола Младенов побара претседателот на СДСМ, Зоран Заев, откако денеска презентираше аудио и останати материјали, од кои, како што рече, произлегуваат десет причини одново да се истражи случајот.

„Доказите што ќе ги објавиме денеска јасно упатуваат дека постапката за смртта на Никола Младенов, случајно или намерно, власта на Никола Груевски ја водела непрофесионално, неодговорно, со намерно прикривање од јавноста на клучни информации“, рече Заев на почетокот на денешната прес-конференција одржана во седиштето на СДСМ.

Од аудио материјалите – презентираните телефонски разговори, што, според Заев, се водат меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и помошник-министерот Иво Котевски, односно, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, може да се слушне дека биле отфрлени неколку наоди од вештачењето што би имале многу индикативно значење за истрагата.

Околу трагите од боја на задниот дел од возилото на Младенов за кои не можело да се утврди колку се стари; околу лоцирањето на новинарот преку мобилниот телефон што и покрај тоа официјално не е пронајден; околу фискалните сметки од патарините кои во записникот од истрагата стојат, а обвинителот негираше дека се најдени; околу тоа зошто еден ваков важен случај, што се покажа дека беше затворен без да бидат решени голем број дилеми, му бил доделен на неискусен истражен судија, кој, според слушнатото во разговорите, не знаел дури ниту каде треба да го прати возилото на Младенов на вештачење …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×