Заев: Исполнети се условите за избори на 11 декември
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Условите за фер и демократски избори се исполнети, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој денеска е во Прилеп, дополнувајќи дека Избирачкиот список е прочистен и оти забележува тренд на медиумско поизбалансирано известување.

„На 11 декември не само што ќе има избори, туку и промени“, рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали на листите на СДСМ значајно ќе бидат застапени активисти на Шарената револуција, лидерот на опозицијата рече дека „најдобрите репрезенти на граѓаните ќе бидат на пратеничките листи“.

„Сакаме да ги пронајдеме најдобрите. Ќе се водиме од интересот на граѓаните. Најдобрите ќе бидат на листите. Конечно да го вратиме сјајот на Парламенот, да имаме силен Парламент. И Заев беше дел од Шарената револуција. На крајот ќе бидеме широк фронт за Македонија. Знаеме дека на изборите власта ќе биде поразена“, изјави Заев.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×