Заев: Иванов мора да ја повлече одлуката и веднаш да го додели мандатот!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Ѓорге Иванов мора да ја повлече оваа одлука и веднаш да го додели мандатот за формирање на новата влада, бидејќи Уставот го обврзува на тоа“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во реакција на денеска соопштената одлука на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, да не му го дава мандатот за составување влада.

„Иванов не смее да ја негира мнозинската волја на граѓаните, којашто е преточена преку 67 мандати за пратеници, и да ги кочи уставните, законските и демократските процеси во Република Македонија“, изјави Заев.

Тој оцени дека Иванов ја внесува Македонија во длабока криза со несогледливи последици по граѓаните и по државата.

„Тој прави уставно – државна криза со тоа што ја негира мнозинската волја на граѓаните и поднесените 67 потписи на избрани пратеници во Собранието на Македонија и спречува легален и легитимен трансфер на власта. Со ваквото однесување, Иванов уште еднаш се стави во улога на заштитник и соучесник на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави лидерот на СДСМ.

Тој порача дека СДСМ нема да дозволи „никој да си игра со иднината на државата за лични, политички и криминални цели“, и оти „концептот на едно општество, што го поддржаа мнозинството граѓани, е единствен гарант на унитарноста на Република Македонија!“.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×