Заев: Изборите беа кристално чисти – вонредни парламентарни избори ќе нема
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Изборите беа фер, демократски, регуларни, кредибилни, кристално чисти – резултатот е одраз на слободно изразената волја на граѓаните“, изјави вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој, имајќи ја предвид претходно вечерва одржаната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ја повика опозициската партија да ги признае изборите и да ги стави интересите на граѓаните пред партиските интереси.

„Завршуваат прославите вечерва и од утре работиме напорно за држава која ќе биде сервис на граѓаните. Го повикувам раководството на ВМРО-ДПМНЕ да го преиспита својот став за непризнавање на овој изборен процес кој помина во слободнa, фер и демократска атмосфера. Се надевам дека ќе најдат сили да се однесуваат како одговорен политички субјект и ќе дадат конструктивен придонес за реформите“, рече Заев.

Во врска со барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за вонредни парламентарни избори, рече дека избори може да има само ако падне мнозинството во Парламентот.

„Но јас сум убеден дека мнозинството ќе расне“, дополни Заев.

„Вонредни избори? Уште сега се знаат резултатите. Но, дефинитивно, однесувањето по победи со еуфории беше типично за ВМРО-ДПМНЕ. Македонија пред себе има многу работа, затоа апсолутно немам никаков коментар за вакви барања“, изјави лидерот на СДСМ.

Заев рече дека во вториот круг е потврдена „големата победа на граѓаните на Македонија“, и оти граѓаните „се определиле за целосни промени, за живот за сите“, што е важно како показател дека „се движиме во вистински правец, кон правична и економски просперитетна Македонија“.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×