Заев ја објави и третата „бомба”
Објавено на од во Uncategorized

 

Презентирајќи ја третата „бомба“, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од денешната прес-конференција емитуваше прислушувани телефонски разговори, кои според него, се водени меѓу директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, и уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ – Латас, како и меѓу Мијалков и поранешниот сопственик на ТВ Канал 5, Емил Стојменов околу како што беше посочено монтираното апсење на Љубе Бошковски.

На прес конференцијата беа презентирани и прислушуван разговори, за кој Заев рече дека се води меѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протуѓер, во кој се договора испраќање на полиција за да се изврши технички преглед врз автобуси кои требало да доносат граѓани на протести организирани од опозицијата.

На последната пуштена снимка, според Заев, се слуша телефонски разговор меѓу министерката Јанкулоска и помошник-министерот во МВР, задолжен за односи со јавноста, Иво Котевски во кој разговараат за случајот со смртта Мартин Нешковски.

Заев не очекува правна туку политичка разврска. Најавува дека ќе продолжи да презентира снимени материјали, за да ја обелодени Вистината за Македонија.

По прес конференцијата на СДСМ реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму наведуваат дека Заев и денес свесно “продолжил да одработува за странските центри и нивните агентури во државава, на директна штета на интересите на Република Македонија и нејзините граѓани”.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×