Заев: Ја преземам одговорноста, со поддршка од граѓаните, Македонија да биде дел од Европа!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Ја преземам одговорноста, со поддршка од вас, мотивиран од силната заедничка верба дека е можно и остварливо, и Република Македонија да биде дел од обединета Европа“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во своето обраќање по повод 9 мај, денот на победата над фашизмот и денот на обединета Европа.

Заев рече дека граѓаните на Македонија се обединети како никогаш досега во вредностите што го штитат човековото достоинство, што гарантираат еднаквост пред законот и правда за сите, што обезбедуваат економска стабилност на семејствата и безбедносна стабилност на државата.

„Обединети сме во различностите – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци – политички определени и неопределени – млади и стари – работници и стопанственици… Обединети сме во надежта дека заедно можеме да успееме ако ги зближуваме луѓето, преку нивните заеднички интереси … Ја обезбедуваме унитарноста, сувереноста и посебноста на Република Македонија“, изјави Заев.

Тој рече дека на Македонија, повеќе од кога било ѝ е потребна Европа, зашто ги повлекува граѓаните на земјата во еден просперитетен и надежен свет.

„Затоа почитувани граѓани мора да го искористиме овој момент. На чекор сме пред формирањето на новата демократска Влада во Република Македонија, и ви ветувам – со љубов кон Македонија градиме и ќе изградиме, европска Република Македонија“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×