Заев: Јас ќе ја водам кампањата и ќе бидам кандидат за премиер
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека на претстојните парламентарни избори во април следната година повторно ќе биде кандидат за премерското место.
zoran-zaev-prilep-23858„Јас ќе ја водам кампањата, јас ќе бидам кандидат за премиер, но за тоа ќе треба да одлучат органите на партијата и коалицијата. Јас сум радосен што ќе и се посветам на партијата. Ќе се посветам за да се понудам уште еднаш на граѓаните. Јас барам нов, чист, цел мандат за да продолжиме. Сега топката е кај граѓаните и тие ќе ја дадат насоката по која треба да се движиме. СДСМ ќе излезе со модернизарен тим и модернизирана програма“, рече Заев.
На прашањето дали Оливер Спасовски ќе биде новиот технички премир, Заев рече дека на ова ќе може да одговори на крајот од декември.
„Јас би го повлекол Оливер Спасовски во партијата заедно со генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски за да ја истрчаме кампањата. Спасовски бил секретар и има искуство, но истовремено треба да внимаваме и на државните работи за првите тимови на одговорност“, рече Заев.
Посочи дека немаат ниту причина, ниту право, ниту обврска брзо да одлучуваат. – Крајот на декември ќе ја донесеме одлуката на координација во СДСМ, а потоа и со партнерите од коалицијата, кој ќе биде технички премиер, кој ќе биде дополнителни заменици министри во внатрешни и труд и социјална политика, а опозицијата ќе си одлучи за своите места, истакна Заев одговарајќи на новинарско прашање по официјалното означување на почетокот на изградба на фабриката на германската компанија „Герешајмер“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×