Заев: Јасен сигнал од ЕУ за почеток на преговори со нашата земја ќе има позитивен импакт за Западен Балкан
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Јасен сигнал од ЕУ за почеток на преговори со нашата земја ќе има позитивен импакт за Западен Балкан и ќе ги обесхрабри сите непосакувани влијанија во регионот, рече премиерот Зоран Заев на предавањето и јавна дебата во организација на ИФИМЕС во Љубљана, на која учествуваше во рамки на дводневната официјална посета на Република Словенија.
zaqev govornicaТој притоа посочи дека Владата успеа за само 22 месеци да ја возобнови демократијата, бидејќи, како што рече, само пред три години бевме декларирани како заробена земја, со хибриден режим.
„Денеска имаме инклузивен дијалог со опозицијата за сите важни политички прашања“, рече премиерот Заев на предавањето во организација на Меѓународниот институт за балкански и средно-европски студии ИФИМЕС на која се зборуваше на тема „Република Северна Македонија приказна за успехот“.
Тој ги информираше присутните дека ние сме единствената земја од Западен Балкан која нема отворени билатерални проблеми со соседите, а за тоа, како што рече, придонесе имплементацијата на Договорот од Преспа кој во комплексни услови донесе решение на проблемот со името и пријателство со Грција.
„Силно сме посветени да изградиме едно општество за сите – концепт кој ги почитува и ги издигнува различностите во нашето општество. Меѓуетничките релации се стабилни денеска. Во завршна фаза се политичките реформи, вклучувајќи ја реформата во правосудството, безбедносните служби, јавната администрација, и борбата против корупцијата како наш врвен приоритет“, истакна премиерот Заев.
Притоа тој информираше дека до сега 13 земји го имаат ратификувано протоколот за членство и оти до крајот на 2019 година се очекува заокружување на процесот со полноправно членство на нашата земја во НАТО на следниот Самит на НАТО во Лондон во декември.
Тој нагласи дека стабилноста и реформите носат економски прогрес и како доказ на тоа информираше за највисоките странски директни инвестиции во 2018 година од 625 милиони евра.
Во однос на нашето зачленување во НАТО, премиерот Заев додаде дека очекувањата се со нашиот влез да се зајакне стабилноста и сигурноста на Југоисточна Европа и тоа ќе претставува добар пример за земјите од регионот, а воедно рече дека како земја ги споделуваме европските вредности и тоа го имаме покажано како земја која е посветен партнер во справувањето со мигрантската криза во 2015 и во многу НАТО мисии од 2002 година.
Премиерот Заев рече дека земјата после 14 години чекање е подготвена и на економски и на политички план за започнување на преговори со ЕУ и дека нашите приоритети се во линија на нашата агенда за пристапување во ЕУ преку исполнување на сите барања на Европскиот Совет од јуни 2018, добиено е позитивно мислење од Венецијанската комисија за Законот за судови и Судски совет, избрана е нова Антикорупциска комисија во транспарентен и инклузивен процес, донесен е нов реформски пакет на закони за безбедносниот систем согласно ЕУ и НАТО стандардите, реформата во јавната администрација се случува низ целиот систем.
„Испорачавме резултати, го имплементиравме Договорот од Преспа и направивме тешки реформи со која плаќаме висока политичка цена. Затоа силно веруваме дека Европскиот совет ќе донесе позитивна одлука за почеток на преговори со Република Северна Македонија за членство ова лето во јуни“, потенцираше премиерот Заев.
Тој додаде дека е потребен систем базиран на индивидуални заслуги и дека секоја друга одлука поразлична од одлука за започнување на преговори ќе има негативен импакт врз внатрешните политички процеси како што се спроведувањето на реформите, имплементацијата на Договорот од Преспа, како и тоа дека ќе се повлечат прашања кај граѓаните за кредибилноста и принципот на доследност на Европската Унија, а ќе се отворат и ултра националистички реторики кои ја потпалуваа нашата земја во минатото, а се сѐ уште присутни на Балканот.
„Затоа единствениот заклучок е дека отворањето на преговори за наше членство во ЕУ е единствената гаранција да ја задржиме домашната стабилност, инклузивниот процес на носење политики и да го задржиме реформскиот процес во Северна Македонија. И тоа секако ќе има позитивно влијание за целиот Западен Балкан“,  потенцира премиерот Заев во рамки на јавната дебата и предавање организирано од институтот ИФИМЕС.
Во јавната дебата учествуваа и директорите на Институтот, Зијад Бечировиќ и Бахатијар Аљаф.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×