Заев: Како земја аспирант за ЕУ мора сериозно да се бориме против сивата економија
Објавено на од во Економија
Премиерот Зоран Заев смета дека е добро тоа што државата е подобро рангирана на листата на „Херитиџ“ во однос на економските слободи, но вели дека како земја аспирант за членство во ЕУ, мораме сериозно да се бориме против сивата економија затоа што со нелегалната економија не губи само буџетот, туку и граѓаните.
заевКоментирајќи го најновото рангирање на државата од страна на агенцијата „Херитиџ“ за слободата во економијата, Заев рече дека голем дел од политиките што ги спроведува Владата се токму во насока да се сузбие нелегалната економија.
– Мерката „Мој ДДВ“ е борба против сивата економијата, евазија на данокот на додадена вредност. Намерата е да ги легализираме и парите во кеш што ги даваат голем дел од фирмите на полулегален дури и на законски начин. Сите овие мерки што ги развиваме како Влада се буквално борба против сивата економија, која според нашите проценки е меѓу 20 и 30 отсто, што е многу. Така што земја која има аспирации да биде европска, мора сериозно да се бори не само затоа што буџетот губи, туку затоа што губат и граѓаните, односно сите кои се на легалниот пазар, изјави Заев, пред настанот во хотелот „Хилтон“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×