Заев: Ќе се вратиме во Парламентот само кога Груевски ќе поднесе оставка
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„После сѐ што објавивме, треба ли да се вратиме во Парламентот?“, реторички одговори претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на новинарско прашање дали опозицијата ќе ги послуша амбасадорите кои побараа нејзино враќање во Собранието за да помогне во надминувањето на политичкиот ќорсокак.  „Ќе се вратиме по оставката на Никола Груевски за да ги дефинираме чекорите што ќе водат до преодна влада“, рече Заев.

Опозицискиот лидер откри и дека пропаднале разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што се водат во Брисел со посредство на европратеници.

„Нема ништо од разговорите во Брисел. Прекинаа пред неколку недели. Ако има нешто на овој план, тоа ќе го објави канцеларијата на ЕУ во Скопје“, изјави Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×