Заев: Македонија нема државен систем – врхушката околу Груевски партизирала сѐ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Македонија нема државен систем, сѐ е партија, изјави на почетокот на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред да ги пушти аудио материјалите од новата „бомба“, во кои, како што рече, се содржани докази дека „Груевски и неколкумина негови соработници урнисале сѐ – со партиски кадри ги преполниле полицијата, обвнителството, судството, здравството, а професионални луѓе биле исфрлени на улица“.

На денеска презентираните снимки од прислушувани телефонски разговори, според Заев, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот министер за образование, Панче Кралев, се консултираат за проблемот што им се појавил при вработувања на факултетите откако им останале многу неопределени, по лоцирањето на „нашите“ и на „нивните“.

Јанкулоска во друг разговор околу обврската да одреди суфицид и дефицид на кадри во Министерството, предлага проблемот да се реши со укинување на работните места на вработените кои поднеле тужби против МВР – „ова е моментот да се исчистат комуњарите од УБК“ – се вели во разговорот.

Министерката за внатрешни, на една од снимките, според Заев, разговара со Мартин Протуѓер за тоа како да вработат партиски активист, но, на работно место на кое нема да мора да оди на работа, за да може да врши партиски работи. На друга снимка, како што рече претседателот на СДСМ, директорот на УБК, Сашо Мијалков, договара поставување на обвинител. Со партиска ургенција е избран и член на Судскиот совет, за кој, според Заев, на една од снимките, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, вели дека „нема врска со судството“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×