Заев на форум на „Фајненшал тајмс“ за земјите од Западен Балкан
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Обединетото Кралство, каде што на покана од „Фајненшал тајмс“ ќе учествува на форум што угледниот британски весник го организира за земјите од Западен Балкан, насловен „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“.
zaev-angjusevКако што соопштија од владината прес-служба, Заев ќе се сретне со заменик-премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Лидингтон, на работен појадок организиран за тројцата премиери од Западен Балкан.
Предвидено е премиерот Заев да се обрати на премиерскиот панел заедно со премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, на тема „Инвестициски можности и како домашната политика влијае на нив”, а вицепремиерот Анѓушев треба да зборува на сесија заедно со министрите за економија на Косово и Црна Гора, Валдрин Лука и Драгица Секулиќ. По завршување на сесиите се предвидени изјави на премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев, наведуваат од владината прес-служба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×