На својот Facebook профил, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, преку хаштагот #ТикТакТикТакТикТак, најави можност за објавување нови „бомби“. Ова доаѓа по вчерашната лидерска средба на која беше договорено обидите за спроведување на обврските од Договорот од Пржино да продолжат со одвоени средби што белгискиот олеснувач, Питер Ванхауте. Пораката на Заев недвосмислено најавува дека СДСМ има рок до кој што ќе чека да се постигне договор, после што партијата има намера да објавува нови материјали што го разобличуваат практикувањето на власта од страна на високи функционери.
На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.