Заев: Народот во Македонија демонстрира единство што целосно ги демантира тврдењата на Лавров
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Нема да има ниту поделба ниту федерлизација на Македонија, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по говорот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, дека постои опасност работите да се развиваат така што да дојде до поделба на Македонија  меѓу Бугарија и Албанија.

„Она што нашиот народ многу јасно го демонстрираше на седумнаесетти овој месец, за време на националниот граѓански протест,  но и една недела пред тоа, во Куманово, каде дојде до вооружен инцидент со многу загинати, е во целосна спротивност со тврдењата на Лавров. Македонскиот народ никогаш досега во историјата не бил повеќе единствен и сплотен“, изјави уште Заев додавајќи деканародот е обединет околу барањата за обновување на универзалните вредности – демократија , слобода, правда и иднина за секого.

„Токму оваа сплотеност и единство на сите етнички заедници ми дава храброст. Сакам да истакнам дека нема сила, политички мотив или нешто друго, како во земјата, така и надвор, што може да го наруши тоа единство“, смета Заев.

Вчера на изјавата на Лавров одговори и шефот на бугарската дипломатија, Даниел Митов.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×