Заев: Не треба да се брза со нови парламентарни избори – ќе се зголемува парламентарното мнозинство
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на опозицијата повторно да се вклучи во работата на Парламентот.

Tака ќе има функционална демократија и тоа е минимум нешто што граѓаните на Република Македонија го очекуваат, е ставот на Заев кој оцени дека дијалогот со опозицијата се движи во добар правец.

„Работните групи работат и голем дел од законските решенија се усогласени, а некои веќе се и комплетно усогласени. Тоа значи дека очекувањата се до 17 април, до Извештајот на Европската комисија, да ги донесеме законските решенија во Парламентот. Претседателот на Собранието ми рече дека планира на 10 април нова седница на која ќе бидат на дневен ред овие решенија, кои се дел од пакетот 3-6-9 и се дел од севкупните реформи во Македонија и се веќе усогласени со опозицијата“, рече Заев.

На прашањето за барањето на опозицијата точката за интерпелација на Владата да биде ставена пред седницата за реформските закони, Заев рече дека верува оти ќе се најде време и за потребите на опозицијата и за реформите.

„Секако, нивно право е да се поднесе интерпелација за работата на Владата, но истовремено мораме да водиме грижа и за самите закони да се донесат до предвидениот рок, зашто не би сакале на ниту една земја членка на Европската унија да ѝ оставиме причина за изговор за што било кога веќе ги имаме усогласено законите. Јасно е дека постои скоро комплетен консензус во Парламентот да се донесат ваквите решенија“, рече премиерот.

За разговорите за проширување на парламентарното мнозинство, Заев рече дека разговара со пратеници, дел се од партиите на Албанците, а дел од помалкубројните други етнички заедници во Република Македонија.

Премиерот се надева дека владејачкото мнозинство ќе успее да го зголеми бројот на пратеници што ќе значи стабилност на парламентарното мнозинство и на владините политики во време, како што кажа Заев, кога се очекува решение за спорот за името, датум за почеток на преговори со ЕУ, поканата од НАТО…

Заев кажа дека е оптимист дека парламентарното мнозинство ќе се прошири, посочувајќи дека разговара со пратениците на поделената БЕСА, која според премиерот има блиски ставови со оние на власта, потоа со ДПА, која со своите еден или двајца пратеници поддржуваат одредени политики на Владата. Турската демократска партија, исто така, а гледа, како што кажа, амбиент и во некои други пратеници во Парламентот што би поддржале вакви политики.

„Моја перцепција и перцепција на Владата е дека не треба секогаш да се брза на парламентарни избори. Вака споделената информација за бизнис секторот значи стабилно да планира, граѓаните исто така да ги планираат своите активности, сите чинители во Република Македонија, и го кажувам тоа што зависи од мене. Секако, ако некој друг провоцира, направи пресија или има причини за таа работа, ја оставме отворена можноста“, рече Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×