Заев: Нема амбасадор што ќе рече дека има услови за фер избори на 24 април
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Сакам да го видам тој амбасадор што ќе соопшти дека може да се прочисти Избирачкиот список“ – со овие зборови претседателот на СДСМ, Зоран Заев, покажа колку е уверен дека меѓународната заедница утре ќе оцени дека нема услови за одржување фер и демократски избори на 24 април.

„Сакам да го видам тој од ДИК што ќе потпише прочистен Избирачки список пред 5 март, како што е по закон, сакам да го видам и тој, па, и амбасадор што ќе соопшти дека може да се прочисти Избирачкиот список, затоа што пред фактите и боговите молчат. Апсолутно е јасно дека утре ќе се соопшти тоа што сите го знаат – дека нема ниту елементарни услови за да се одржат фер и демократски избори во Македонија“, рече Заев по средбата со лидерот на БЕСА, Билал Касами.

Претседателот на СДСМ дополни дека кој нема да ги почитува фактите, а имa обврска за тоа, ќе биде обележан дека ја турка Македонија кон уште поголема политичка криза.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×