Заев: Нема ништо тајно, заткулисно и слично. Пропуст нема направено ниту една институција  
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Заев пресОстро и категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со Никола Груевски, рече денеска премиерот Зоран Заев на заедничка прес конференција со колегата од Малта, Џозеф Мускат.

“Нема ништо тајно, заткулисно и слично. Пропуст нема направено ниту една институција, единствено ако официјалните гранични премини го пропуштиле или граничната полиција направила пропусти. Веднаш дадовме налог да се истражи целата постапка и сите резултати од истрагата јавно ќе ги објавиме”, рече Заев.

Тој нагласи дека Македонија единствено има иднина ако има казни, а казните мора да бидат испорачани.
“Каков кукавица е тој кој што цело време велеше дека за Македонија е спремен да оди во затвор без разлика што ќе се случи, само да не бидат сите други таргет, е спремен да ја прифати одговорноста и слично, дојде моментот за прифаќање на одговорноста, избега како кукавица надвор од државата, обидувајќи се претходно да добие нови аболиции. Тоа само по себе потврдува дека е виновен за тоа за што е осуден. Ќе направиме сѐшто е во наша надлежност да го вратиме назад Груевски. Го разбирам гневот кај вас новинарите, постои  и кај мене тој гнев. Ако имало нешто што би требало да го направиме претходно, би го направиле. Не дека немало гласини дека може да бега, но не можете да преземете дејствија за некој кој сѐуште е слободен човек, кој нема упатен акт за во затвор. Досега се потврди владеење на правото до максимум и независноста на правосудниот систем низ еден комплетно транспаренттен процес. Убеден сум дека Груевски ќе се врати назад и ќе ја служи својата казна и ќе биде исправен пред судот да се брани а системот да докаже дека е виновен и за други дела”, рече Заев.

Според него, МВР постапило исклучиво согласно законот.
“Како и за секој човек без наредба на судот Министерството не може да пристапи во негово следење, набљудување и слично, затоа што логично беше, по сите аспекти на она што беше видливо за јавноста, дека се чека упатниот акт да биде прифатен и да оди на отслужување на казната затвор. Без наредба МВР не може ниту вас, ниту мене, ниту на кој било граѓанин да му пристапи. Груевски беше присутен на седници во Собранието, не го кажувам ова затоа што ние не би требало да бидеме поподготвени, повнимателни, туку поради тоа што тоа испраќа сериозна порака дека не треба да правиме ништо повеќе од тоа што законот го пропишува. Од таков аспект морам да кажам дека строго е постапено по закон, на еден внимателен и демократски начин. Секако, проверката на возилата кои излегуваат од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, е согласно наредбата која е добиена од полицијата согласно внатрешната потерница. Немаше налог за влез во политичка партија, ниту пак некој имаше намера да направи таков влез. Ние сме земја која има намера да биде членка на ЕУ и без разлика на тоа какви се чувствата или слично, тоа не ни дава за право да ги кршиме законите, посебно не од страна на институциите. Се очекува една земја, како што е Унгарија да биде пример на земја која нема да штити криминалци кои направиле штета врз граѓаните на Македонија. Каква е мотивацијата за нас да бидеме членка на ЕУ ако една земја членка на ЕУ биде засолниште на криминалци и не го почитува меѓународното вледеење на правото?”, рече Заев.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×