Заев-Нетанјаху: Македонија и Израел ќе ја интензивираат и продлабочат соработката
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Стоиме заедно на страната на мирот во светот“, е пораката што ја испратија премиерите на Македонија и на Израел, Зоран Заев и Венјамин Нетанјаху, во заедничката изјава за медиумите по нивната денешна средба во Ерусалим.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, е во работна посета на Израел, придружуван од владината делегација – заменикот претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик претседателот на Владата за економски прашања, Кочо Анѓушев, како и министрите за економија, Крешник Бектеши, и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„Гледаме заедно кон подобра иднина. Ги разгледуваме начините и полињата каде што можеме да соработуваме во интерес на луѓето и на нашите земји. Научивме од минатото како да ја обезбедиме иднината. Израел е технолошки развиена земја и ќе ѝ помогне на Република Македонија“, соопшти израелскиот премиер Нетанјаху по средбата со Заев.

Премиерот на Македонија соопшти дека за Република Македонија значат искуствата на Израел во иновациите и стартап бизнисите, како и дека новата Влада ќе ги употреби израелските искуства во напорите за што поквалитетен живот на граѓаните на Македонија.

„Имаме чест да сме во Израел. Го посетивме израелскиот претседател на државата, имавме состанок со бизнис заедницата, посетивме успешни компании коишто почнале како стартап компании, значајни компании со коишто се надеваме дека ќе имаме натамошна соработка на економско ниво. Со Израел немаме отворени прашања, пријателски земји сме. Нашата соработка со Израел се надеваме дека ќе биде на две нивоа, безбедноста и светскиот мир, она за што е Израел добар пример во светот. Се надеваме дека низ организациите како што е НАТО, целиме да бидеме членка на НАТО, дека ќе продолжиме да соработуваме, бидејќи заканите од радикализмот и екстремизмот се присутни овде во Израел и во овој регион, но исто така и за Македонија и за регионот на Западен Балкан. Соработуваме на полето на безбедноста и одбраната до сега, и знам дека ќе ја зголемиме соработката, бидејќи е интерес на сите граѓани и нации“, изјави Заев.

Тој рече дека Македонија има што да учи од Израел, за технолошкиот развој и иновациите, за стартап компаниите, со цел да се отвораат работни места за младите.

„Тоа е една од најважните работи за еден премиер и за една Влада“, рече премиерот Заев.

По изјавите, македонскиот премиер и владината делегација беа на работен ручек со премиерот Нетанјаху, кој изразил поддршка на евроатлантските аспирации на Република Македонија.

На средбата на премиерите и нивните делегации било договорено продлабочување на економската соработка преку воспоставување на програма за технолошко усовршување и поддршка за иновации. Разгледани се можности инженери, математичари, претприемачи од Македонија да престојуваат во Израел и да соработуваат со стартап фирми во високата технологија.

Се разговарало за израелски инвестиции во Македонија, за поинтензивни бизнис средби, како и за организирање поголем бизнис форум, по можност до крај на годината, со цел зајакнување на соработка меѓу приватниот сектор од двете држави.

Исто така разгледани се и условите за засилена соработка во земјоделство, преку размена на искуства во технологијата и конкретни инвестиции, во енергетиката, со оглед на хидропотенцијалите и обновливите извори на енергија со коишто изобилува Македонија, а Израел има големи искуства во нивната примена, како и во областа на туризмот. Во таа насока била разгледана можноста за директна авионска линија на релација Скопје – Тел Авив.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×